Специјална програма за новата регулатива во Законот за електронски медиуми во Хрватска, стратегијата и плановите на платформата за стриминг HBO Max, улогата и одговорностите на FTA каналите за време на кризата, светските трендови во споредба со регионот на Централна и Источна Европа се само дел од најавените теми
Целосната програма за медиумскиот фестивал NEM Dubrovnik 2022 е објавена! Омилениот европски настан посветен на телевизијата, познат како „ТВ пазар со добар поглед“, во своето деветто издание повторно ќе биде домаќин на носителите на одлуки кои ја креираат сегашноста и иднината на ТВ индустријата. Повеќето презентации, панели, проекции и настани за вмрежување ќе се одржат во познатиот Hotel Dubrovnik Palace, со неколку дополнителни атрактивни локации, а целосниот распоред на настани од 6 до 9 јуни е достапен на официјалната страница.
Меѓу бројните потврдени говорници и компании, NEM Dubrovnik ќе му посака добредојде на главниот говорник Кристина Сулебак, генерален директор на HBO Max EMEA, одговорна за растот и развојот на платформата на европските, блискоисточните и африканските пазари, која ќе ги претстави плановите и стратегијата за проширување: „Возбуден сум што ќе зборувам на NEM. Со проширувањето на HBO Max во 27 европски земји оваа година, вклучително и држави низ Централна и Источна Европа, NEM го претставува совршениот момент за здружување“. Името на главниот говот е „Креирање на препознатлива глобална стриминг платформа со широка привлечност и локална релевантност“.
Главни панели и теми
Некои од најуспешните носители на одлуки во ТВ индустријата ќе се соберат на панелот „Поглед од врвот на ТВ индустријата“. Кои деловни практики, вредности и пристапи се покажаа како најуспешни во оваа динамична индустрија, ќе биде предмет на дискусија меѓу овие говорници:
- Ханс Троелстра, генерален извршен директор, M7 Group
- Кристоф Лимер, извршен потпретседател, видео услуги и регионален потпретседател за Источна и Централна Европа, Eutelsat
- Бранко Чакармиш, генерален директор, PRO PLUS
Дискусијата ќе ја води угледната новинарка и водителка на BBC World News, Касија Мадера.
Одговорноста за проверени и веродостојни информации е особено важна денес, а стратегиите и алатките што се користат при тоа ќе се дискутираат на панелот „Клучната улога на FTA телевизиите во криза“. Како водечките FTA (free-to-air) телевизиски канали ја разликуваат вистината од лажните вести, ќе откријат:
- Роберт Швеб, генерален директор на Хрватската радиотелевизија (HRT)
- Дражен Мавриќ, раководител на Управниот одбор на Nova TV
- Матијас Сетеле, генерален директор на TV Markíza и член на уредувачкиот одбор на CME: „Ги проверуваме фактите, ги испраќаме нашите новинари на терен, го носиме контекстот на вестите, ги проверуваме информациите. Затоа FTA каналите се многу важни, не само за време на криза. Со нетрпение очекуваме да разговараме со сите вас и да се видиме на NEM Dubrovnik!“, рече г-дин Сетеле.
Модератор на панелот ќе биде Крис Џиадул, уреднички директор и главен аналитичар за Источна Европа во Broadband TV News.
Влијанието на FTA телевизиите исто така ќе биде тема на панелот „Дали free-to-air е сé уште најдобриот начин да се достигне масовна публика?“, спонзориран од Prva TV. Во дискусијата особено ќе придонесе Катерина Еделштајн, постар потпретседател и лидер за регионот на Источна Европа во Nielsen.
Глобалната ТВ индустрија, особено во сегментот на платената телевизија, беше нарушена од зголемениот број стриминг платформи. Сепак, регионот на Централна и Источна Европа е исклучок бидејќи е сведок на постојан раст на корисници на платена телевизија. Како регионот на ЦИЕ се спротивставува на глобалните трендови ќе се дискутира на панелот „Платена телевизија: глобални трендови наспроти ЦИЕ трендови“, спонзориран од AMC Networks International. Еден од панелистите ќе биде Збигњев Пруски, комерцијален директор за брендирани услуги во BBC Studios, кој исто така ќе се приклучи на Q&A-сесија со Касија Мадера, по панелот.
Специјална програма: Нов закон во Хрватска
NEM Dubrovnik 2022 оваа година ќе послужи како платформа за ексклузивно објавување на новите законски регулативи за електронските медиуми кои ќе имаат влијание врз операторите, стриминг платформите и националните телевизии во Хрватска и за хрватските аудиовизуелни професионалци. Специјалната програма под името „Нов закон во Хрватска“, спонзорирана од Хрватскиот аудиовизуелен центар (HAVC), Агенцијата за електронски медиуми во Хрватска (AEM) и хрватското Министерство за култура и медиуми, ќе се состои од панели, деловни практики и настан за вмрежување.
Новите регулативи ќе бидат разгледани преку поздравниот говор на Нина Обуљен Коржинек, министер за култура и медиуми на Република Хрватска, а преку деловните практики ќе видиме примери за инвестирање од најуспешните европски оператори во оригинална локална продукција. Панелот што ќе го модерира Крешимир Партл, државен секретар во Министерството за култура и медиуми на Република Хрватска, ќе ги собере претставниците на водечки хрватски оператори, продукциски компании и Хрватскиот аудиовизуелен центар. Во иднината ни доаѓаат нови модели на копродукција и соработки помеѓу FTA телевизии, стримери и други. Во ЕУ, стримерите мора да понудат квота од 30% на европска содржина на претплатниците во ЕУ и мора да реинвестираат процент од своите приходи во локалната продукција. Копродукцијата на клучните играчи од европската ТВ индустрија ќе биде тема на дискусија на посебен панел, предводен од Џонатан Бротон, раководител за стратегија во EBU.
Презентации и настани за вмрежување
Еден од лидерите во европската ТВ индустрија е продукциската куќа ZDF Studios, која ќе биде домаќин на првата вечер. „Ќе го отвориме фестивалот со изненадна проекција, ќе пиеме заедно и потоа ќе се забавуваме – тоа ќе биде вечер на ZDF Studios. Многу сум среќен што ќе ве видам таму – наскоро!“ изјави Мирела Настасе, директорка за драми во ZDF Studios.
Beta Film ќе биде домаќин на втората вечер и ќе ја претстави својата најнова ТВ содржина од сопствена продукција. Вероника Ковацова, извршен потпретседател за меѓународна продажба и аквизиции за регионот на Источна Европа и Турција во Beta Film GbmH го најави учеството: „Јас со нетрпение ја очекувам Beta Night на NEM, а вие треба исто така! Во моментов не можам да откријам што ќе прикажуваме, но ќе биде фантастично! Се надевам дека ќе се видиме во Дубровник!“
Третата вечер е резервирана за Telekom Srbija кој ќе организира забава во легендарниот клуб Lazareti сместен во Стариот град на Дубровник. Истиот ден, Telekom Srbija ќе ги претстави своите нови содржини.
За време на четирите денови на NEM, ќе се претстават и компаниите Blue Ant Media, SPI International/FilmBox, Canon и Zattoo.
Технолошките иновации ја трансформираа индустријата и целосно го сменија начинот на кој ги консумираме ТВ содржините во последните неколку години. Vionlabs, Brightcove и Whip Media се технолошки компании кои учествуваат од прва рака во оваа нова ера на телевизијата и ќе го споделат своето знаење и искуство со потенцијалните партнери за време на презентациите на TV Tech Showcase.
Во текот на четирите денови од настанот каде панел-дискусиите, презентациите, проекциите, пазарот и вмрежувањето ќе се случуваат наизменично, NEM Dubrovnik 2022 е настан кој не се пропушта за сите водечки професионалци во ТВ индустријата кои се заинтересирани за новите трендови.
Настанот претежно ќе се одржува на отворено. За сечија безбедност, сите учесници ќе мора да имаат валидни COVID пропусници или негативни тест-резултати.