Платежниот бренд American Express објави нова реклама со која ги промовира поволностите од користењето на нивните платежни картички, пред сé поените од програмата за лојалност кои доаѓаат со плаќањето.
Во хумористичниот спот се запознаваме со еден заболекар кој ја користи својата картичка од American Express за да купува рекламен простор и да се претплатува на неговиот омилен стручен магазин. Од друга страна, пак, поените стекнати од користењето на картичката ги употребил за незаборавен семеен одмор на некоја тропска дестинација.
Притоа, спотот прави паралела на овие две страни од употребата на American Express картичките – бизнис и уживање – со фризурата на заболекарот, која напред е кратка и средена, а назад долга и спремна за забавна.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција DentsuMB.