Си својата пенливо бела глава и темно тело, ирското пиво Guinness е едно од најпрепознатливите во светот. Базирајќи се врз овој иконичен изглед, брендот и креативната агенција AMV BBDO лансираа нова out-of-home кампања која Guinness го препознава во низа класични летни сцени.
Надградувајќи се врз минатогодишната кампања „Изгледа како Гинис“ (“Looks like Guinness”), брендот ја ангажираше фотографката Кетрин Хејланд за да го дофати изгледот на Guinness во форма на платнена столица, три даски за сурфање и морски бранови кои удираат во карпа.
„Нашата нова кампања ги слави сите оние сончеви моменти кои се веќе на дофат и го става Guinness во срцето на британското лето“ – изјави Џон Бурнс, директор на Guinness за Велика Британија.
Секоја реклама ќе биде намерно поставена не подалеку од 500 метри од пабовите низ државата.
„Способноста да се евоцира свежата и ладна чаша Guinness без таа воопшто и да се прикаже е доказ дека се работи за еден од најпрепознатливите и иконични пивски брендови во светот“ – посочија Рикардо Порто и Виктор Бустани, креативци во AMV BBDO.