После две децении од објавувањето, хит-песната “Can’t Get You Out Of My Head” на Кајли Миног доби ремикс за новата кампања на сладоледот Magnum.
Ремиксот на песната е дело на јужнокорејската денс икона Пеги Гу, додека пак спотот кој ја следи музиката претставува уникатен културен спој на старото и новото. Па така, ја гледаме Кајли Миног во нејзиниот иконичен бел костим, како и жолтиот спортски автомобил De Tomaso Mangusta од стариот спот на песната, но во овој случај комбинирани со влијанија од корејската поп-култура, како придонес на Пеги Гу.
„Да се има шанса да се спојат две големи ѕвезди на популарната култура – иконичноста на Кајли Миног и свежината која ја носи Пеги Гоу, за да се докаже дека класиката може да се ремикса, беше навистина пријатен креативен процес“ – истакна Томас Остиља, извршен креативен директор во агенцијата Lola MullenLowe Madrid која работеше на кампањата.
Покрај креативната агенција Lola MullenLowe Madrid, во реализацијата на кампањата и нејзините активности учествуваат и партнерската дигитална маркетигн агенција MullenLowe Profero, како и ПР агенцијата Golin London.
Покрај новата верзија на популарната песна и нејзиниот нов спот, кампањата ќе вклучува и разни активности и креативи кои ќе се споделуваат преку официјалните канали на Magnum на социјалните мрежи, потпомогнати со дополнителна промоција преку ангажирањето на соодветни инфлуенсери за таргетираните групи на потрошувачи.