Агенциската групација Publicis Groupe го ангажираше Скот Хагедорн за „генерален архитект за решенија“, при што тој ќе биде одговорен за смислување на решенија кои ги адресираат краткорочните и долгорочните предизвици на пазарот.
Како „архитект за решенија“, Хагедорн треба да дизајнира решенија кои ги преплетуваат податочните, креативни, медиски и технолошки услуги на Publicis Groupe, идентификувајќи нови стратегиски можности, градејќи центри на изнвонредност и служејќи како стратегиски партнер за глобалните клиенти.
За своите работни задолженије, Скот Хагердорн ќе одговара директно на генералниот извршен директор и претседател на Publicis Groupe, Артур Садун, и воедно влегуваа во бордот на директори на групацијата за пазарот на САД.
Хагедорн се приклучува на Publicis после 18 години поминати во Omnicom Media Group, каде последно ја вршеше улогата на генерален извршен директор за Северна Америка. На таа позиција беше наследен од Ралф Пардо во март оваа година.