Кон крајот на минатата година беше откриено дека луксузниот моден бренд Chanel ги зголемиле своите цени за скоро две-третини во однос на 2019 години. Сега, се појавија информации дека компанијата планира да отвори приватни, екстра-ексклузивни бутици за своите врвни клиенти.
Во интервју за Business of Fashion, генералниот финансиски директор на Chanel, Филип Блондио посочи дека брендот сака да ги „заштити“ своите постојни потрошувачи, со планови за приватни бутици кои ќе ги опслужуваат овие клиенти на „многу ексклузивен начин“.
Во моментот, Chanel има 250 малопродажни локации ширум светот. Но, поради растечката популарност на брендот во последните години, сé почесто може да се видат редици на луѓе кои чекаат за да ги купат нивните најнови модни артикли.
Се очекува дека првите од овие приватни бутици ќе бидат отворени на пазарите во Азија, почнувајќи од 2023 година. Се чини дека нивното отворање само дополнително ќе ја зголеми цената на и инаку вредние производи.