Грчкиот пивски бренд Alfa, во сопственост на Heineken, лансираше нова кампања со која ги поттикнува луѓето да се откажат од работите кои го одвлекуваат вниманието и да се посветата на љубовта.
Централниот спот на кампањата отпочнува со сцена во која еден заљубен пар се состанува во некоја полна грчка таверна. Но, штом седнуваат на шанкот, жената и мажот веднаш се фаќаат за своите телефони. Тогаш почнуваат да доаѓаат разни „одвлекувачите на внимание“, персонализирани во продавачи, велосипедисти, рибари, па дури и астронаути!
Но, кога шанкерот им подава по едно шише Alfa, жената и мажот ги оставаат телефоните настрана, одвлекувачите на внимание исчезнуваат, а младите се посветуваат на љубовта!
Кампањата е создадена со помош на огласувачката агенција Soho Square и продукциското студио Avion Films.