Брендот за брза храна Burger King лансираше нова кампања за британскиот пазар насловена “Whopper to a Flame” („Хамбургер до пламен“), која се фокусира на фактот дека секоја плескавица на Burger King е печена на скара со вистински оган.
Кампањата се надоврзува на овој факт со надреална и хумористична идеја за летечки плескавици кои ги привлекува огнот и кои, без разлика на време и место, нема да запрат во својата потрага по вистински пламен.
Во едниот спот на кампањата, гледаме група на луѓе кои мирно седат во двор, околу оган. Но, тогаш, од никаде се појавуваат еден куп летечки плескавици кои го напаѓаат огнот: „Каде има оган, можете да бидете сигурни дека и Whopper е во близина“.
Во друга реклама, гледаме човек кој тажи по неговата поранешна девојка и со плачење ги гори нивните заеднички блузи. И во овој спот, повторно се појавува летечка плескавица која „не се грижи за вашите чувства“, туку само за огнот, а на човекот му нуди утеха во форма на вкусен хамбургер.
Од брендот најавуваат и дополнителни продолженија на кампањата, која пак се реализира со помош на креативната агенција BBH London.