Украинската креативна агенција Nebo, со помош на глобалната адвертајзинг агенција 72andSunny, ја создадоа необичната кампања „Торенти на вистината“ (“Torrents of Truth”), која користи руски пиратски сајтови за да ја шири вистината за војната во Украина.
Имено, за многу Руси кои ги добиваат своите информации од државните медиуми, инвазијата врз Украина е само „специјална воена операција“. За секој кој официјално оди против таквиот наратив, руската држава предвидува казни од 45.000 долари до 15 години во затвор.
Но, со кампањата „Торенти на вистината“, агенциите Nebo и 72andSunny маскирале директни сведоштва и новинарски извештаи од војната во Украина како познати филмови, телевизиски серии, софтвер или музика, по што ги прикачиле на руски пиратски сајтови.
Кога некој руски интернет корисник ќе ги симне овие фајлови и ќе пушти да ги гледа, ќе добие порака: „Ова не е тоа што очекувавте да го гледате. Но, ове е нешто што треба да го видите. Вистината.“ На крајот, содржините завршуваат со повик за акција до корисниците да продолжат да ги шират ваквите содржини.
Овој пристап го искористува веќе високото ниво на пиратирани содржини во Русија, особено како одговор на минатомеченото охрабрување од страна на руските власти до руските граѓани да пиратирааат производи и услуги од држави кои вовеле санкции кон Русија.