Во 2022, PUMA враќа позната икона од 1980-те и 1990-те.
Лансиран од PUMA за кошаркарите од средните училишта и факултетите во САД, моделот Slipstream беше достапен во многу тимски бои и го привлече вниманието на терените благодарение на својата напредна стабилност и амортизација со познатиот „Анти-шок систем“. Разновидноста на бои привлече многу поголема публика отколку само оние во кошаркарската заедница, и се рашири низ американските улици од ’88 до раните 90-ти.
Со моделите The Beast, кој меша кожа и лажно крзно, и Slipstream Snake, кој имитира змиска кожа, моделот исто така ја освои многу важната јапонска јавност и стана симбол во земјата.
Во 2021 и 2022 година, брендот го враќа историскиот модел, обновен, но сепак со истата силуета што опстојува сите овие децении. Додека Slipstream ја освојуваше американската и јапонската младина во различни периоди, брендот сака да стане лидер во својата категорија и да ги освои љубителите на патиките ширум планетата – децата родени по 2000 година, кои пораснале со културата на патики и кои гледаат на иконите од минатото.
За меѓународното лансирање, PUMA се обрати до агенцијата LAFOURMI која ја создаде кампањата “Welcome Unbored“. Здружувајќи не помалку од 12 амбасадори од различни светови, од спортисти до пејачи и инфлуенсери, PUMA-фамилијата тргнува на неверојатно патување!
„PUMA побара од нас да создадеме кампања која ќе им се допадне на љубителите на патики родени по 2000 година, кои отсекогаш биле нурнати во културата на патиките – трагет кој очекува многу, но не секогаш е сензитивен на адвертајзингот бидејќи е премногу изложен на него. Сакавме да се осврнеме на нивната аспирација да ги менуваат нештата – стилот, културата, вредностите, кои често се движат многу побрзо од општеството. Тогаш постоеше обој збор – “Slipstream” – кој го означува текот на воздухот зад објектите кои се движат брзо, како Формула 1 болиди и вселенски шатлови“ – рече Џордан Рабуте, директор за стратегија на LaFourmi.
Во режија на Фредерик де Понтчара, централниот спот на кампањата “Welcome Unbored” прикажува повеќе од десетина амбасадори на германскиот бренд во ретро-футуристички филм во траење од 1 минута и 36 секунди, чии централни елементи се Slipstream и љубителот на патики.
Идејата зад кампањата: оваа генерација се движи побрзо од општеството во кое живее. Наместо да чекаат да го променат, тие ќе одат и ќе создадат друго на друго место, на друга планета. Како Илон Маск или Џеф Безос по 2000 година во стил на одлучност, без правила. Фамилијата на PUMA се претвори во вселенска екипа, Slipstream – најкул во галаксијата, и ги поканува сите на кои им е здодеано општеството да се качат на вселенскиот брод.
„Можете да имате ефект врз луѓето само ако ги потопите во интензивен универзум каде што се спојуваат наративот и естетиката. Тоа е она што сакавме да го направиме за Slipstream во категоријата Sportstyle, каде што понекогаш формата има предност пред суштината“ – објасни Клемент Симаро, креативен директор во LaFourmi.
Ставете крај на досадата и искачете се на вселенскиот шатл управуван од Кингсли Коман, каде што се Мемфис Депај и Ламело Бол, за да ви дадат безбедносни упатства за меѓугалактички патување до нов свет полн со илјадници можности. Но, внимавајте, Slipstream е вашиот единствен начин да влезете.
Лебдечки екрани, холограми и дигитална пилотска кабина, универзумот Slipstream е директно инспириран од вселенските поп-културни филмови како што се The Fifth Element, Star Trek, and Men In Black.
Париското постпродукциско студио Mathematic, меѓународно признато по својата работа за Coca-Cola, Mercedes, Tencent, Disney+ и други, ги надгледуваше визуелните ефекти за филмот, збогатувајќи ги со мајсторски ретро-футуристички стил.
Целосно дигиталнa, кампањата се потпира на ултра моќен екосистем, со дистрибуција на филмот и сродните содржини преку социјалните медиуми на актерската екипа и на PUMA.
Кампањата Slipstream исто така ќе ја постави out-of-home реклами низ цела Европа (Париз, Лондон, Мадрид, Берлин, Милано, Амстердам, Стокхолм) со широк медиски план, вклучувајќи огромни церади, метро станици, DOOH и многу повеќе.
Тибо Корне, копретседател на LaFourmi, посочи: „Многу сме задоволни што стоиме зад оваа особено амбициозна кампања, особено затоа што оваа, по повеќе фудбалски кампањи, го означува нашиот прв напад во категоријата „Спорт и Стил“ за PUMA!“
ЗАСЛУГИ
Актерска екипа
Професионални спортисти: Neymar Jr., Romeo Beckham, Kingsley Coman, Memphis Depay, LaMelo Ball, Armand Duplantis, Gianmarco Tamberi.
Уметници и инфлуенсери: Danna Paola, Pamela Reif, Nessi, Just Riadh, Imenella, Don Strapzy.
Бренд: PUMA
Бренд менаџери: Benoit Menard, Laurent David, Messilia Ourak
Агенција: LaFourmi
Управители на агенцијата: Thibaut Cornet, Céline Jobert
Креативен директор: Clément Cimarro
Копирајтер: Clément Cimarro
Директор за стратегија: Jordane Rabute
Директор за клиенти: Louis Pierre-Adolphe
Акаунт менаџер: Mikael Ramirez
Раководител за огласување: Laura Conroy
ТВ продукција и уметнички закуп: Barbara Vaira
Директори за принт: Coralie Mapouata-Barlerin & Julien Hablainville
Продукција: HVH
Режисер: Frédéric De Pontcharra
Продуценти: Nils Haagensen, Maxime Bouyer
Продукциски директор: Adèle Barach
Директор на фотографија: Madhi Lepart
Дизајнер: Lucie Libotte
Гардероба: Axelle Gomila
Шминка: Pauline du Manoir
Коса: Manon Cana
Пост-продукција
Пост-продуцент: Damien Fernandez
Главен монтажер: Antoine Deslandes
Асистент-монтажер : Nicolas Macé
Калибрација: Nicolas Gauthier
Визуелни ефекти
Визуелни ефекти: Mathematic
Линиски продуцент: Claire English
VFX: Daniel Rodriguez
Извршна продукција: Falka
Музика
Продуцент: Joseph Petitpain
Композитор: Senbeï
Звучен дизајнер: Samuel Jurkovič
Фотографија: Louise Carrasco
Продуцент: Adèle Villemin
Продукциски асистент: Bianca Javogue