Данскиот пивски бренд Carlsberg ја заврши својата глобална креативна ревизија, повторно назначувајќи ја независната агенција Fold7 од Лондон како своја официјална креативна агенција на глобално ниво.
Fold7 има креирано кампањи за Carlsberg веќе повеќе од 10 години, откако во 2010 години беше назначена за креативна агенција на брендот за британскиот пазар, а потоа во 2011 – и за глобалниот пазар. Всушност, Fold7 е агенцијата која стои позади кампањата “The Danish Way” од 2017 година, кога данската холивудска ѕвезда Мадс Микелсен беше ангажиран како амбасадор на брендот.
Меѓутоа, во 2020 година, Carlsberg ја ангажираше и агенцијата Grey Europe да работи на нова глобална кампања која ќе ја наследи “The Danish Way”, а ќе работи и на глобалниот бренд Tuborg. Сепак, како резултат на овогодишната креативна ревизија, сета креативна работа за Carlsberg и Tuborg се враќа во рацете на Fold7.
„Потрошувачите уживаат во огласувањето на Carlsberg кое се смета за едно од најиновативните, најавтентичните и најзабавните во индустријата. Навистина со нетрпение очекуваме да создадеме уште поголеми работи со многу талентираниот тим на Fold7“ – посочи глобалниот бренд директор на Carsberg, Линзи Вудс.