Меѓународниот фестивал за креативност Cannes Lions објави дека вкупно 25.464 кампањи од 87 држави ќе се натпреваруваат за да станат глобален репер за извонредност во креативноста и ефективноста во годината што претстои.
Коментирајќи ги наградите, извршниот директор на фестивалот, Сајмон Кук, изјави: „Ова е секогаш клучен момент за нас, бидејќи кампањите што се пријавуваат обезбедуваат убедлив увид во глобалниот креативен маркетинг амбиент. Во текот на следните денови на Фестивалот, нашите жири-комисии ќе оценуваат дела достојни за Cannes Lions и ќе го постават глобалниот репер што ќе нé поттикнува во годината што претстои.“
Во својата прва година, категоријата „Creative B2B Lions“ доби 415 пријавени кампањи, поделени на 269 кампањи во поткатегоријата „Услуги“ и 146 во поткатегоријата „Производи“. Кампањите се пријавени од 188 компании, вклучувајќи ги: Siemens Munich; Meta São Paulo; Indeed Austin; Intuit Quickbooks London; National Australia Bank; Amadeus Madrid; LTI Mumbai; Salesforce San Francisco; CMPC Santiago; и Azgard Nine Limited Lahore. Кампањите доаѓаат од 37 земји, вклучувајќи ги Кина, Мексико, Нов Зеланд, Шведска и Обединетите Арапски Емирати.
Лансирана со цел да ја препознае креативната извонредност во B2B секторот, претседателот на Cannes Lions, Филип Томас, изјави дека оваа категорија „ја демонстрира широчината на креативноста што постои во кампањите за производи и услуги што ги купуваат професионалци во име на бизнисите“.
„Почнавме да разговараме за награда која ја препознава B2B работата уште во 2013 година и откако видовме неодамнешен пораст на B2B кампањи што освојуваат „лавови“, почувствувавме дека сега е вистинското време да ги ставиме на глобалната сцена. Сега е задача на нашите жири-комисии да го одредат глобалниот репер и да го постават креативниот стандард во овој сектор“ – додава Томас.
Наградите за креативна ефективност “Creative Effectiveness Lions”, единствениот глобален репер за мерливото влијание на креативноста, продолжува да бележи драматично зголемување на пријавите со 258 кампањи од 30 земји (зголемување од 83% на годишно ниво!), покажувајќи ја вредноста на креативноста како лост за раст на бизнисот.
Коментирајќи за наградите за креативна ефективност, претседателот на жирито и главен директор за маркетинг и комуникации во Mastercard, Раџа Раџаманар, изјави: „Силниот пораст на бројот на пријавени кампањи е одличен индикатор за тоа како маркетерите сè повеќе ја разбираат инвестицијата на „Лавовите за креативна ефективност“ и нивната вредност во долгорочниот развој на брендот. Препознавањето на најефективните кампањи во нашата заедница е клучно за постигнување на целта на брендот, создавањето на културни промени и придвижување напред на нашиот целокупен маркетинг императив“.
Пријавите во категоријата Creative Commerce Lions се зголемија за 11% на годишно ниво, односно достигнаа бројка од 374 кампањи од 37 земји. За оваа категорија на награди, Сајмон Кук посочи: „Трговијата е област која експлодираше во последните две години. Креативноста сега игра улога во секоја фаза од потрошувачкиот процес, нудејќи повеќе можности за брендовите да се поврзат со потрошувачите на начини на кои досега не сме виделе. Со нетрпение очекуваме да ги видиме кампањите што ќе се појават оваа година и ќе го постават стандардот во овој нов и возбудлив огласувачки простор“.
Дополнително, категоријата Titanium Lions забележува четврта година на последователен раст, што покажува дека индустријата продолжува да создава дела што ја менуваат играта и што ја движат индустријата напред. Пораст во пријавите е забележан и во однос на категоријата „Нови реалности“ со кампањи што се осврнуваат на метаверзумот, NFT-пазарот и вештачката интелигенција. Категоријата Design Lions, која ја наградува ефективноста водена од дизајнот, забележа раст втора година по ред.
Во глобални рамки, пријавите од Латинска Америка се зголемени за 12% на годишно ниво, главно благодарение на високиот пораст на пријавени кампањи од Бразил за 31% на годишно ниво, што е показател за зголемениот моментум во државата по освојувањето на три Grand Prix награди минатата година, како и нејзината конзистентно задржана позиција како трето рангирана најкреативна земја во светот. Пријавите од Индија се зголемени за 32% на годишно ниво, со најмногу пријавени кампањи во категориите Health & Wellness, Direct и Film. За овогодишното издание на Cannes Lions се пријавени и 402 кампањи од Украина, кои беа прифатени бесплатно и ја демонстрираат посветеноста на земјата кон креативноста.
Потесниот избор на кампањи во категориите “Innovation Lions”, “Titanium Lions” и “Glass: The Lion for Change” се веќе објавени на следниот линк. Преостанатите списоци на кампањи во потесен избор во 26-те преостанати категории ќе бидат објавени од 19 јуни натаму.
Жири-членови од целиот свет веќе почнаа да се собираат во Кан за да ја оценуваат и да ја наградат креативноста од светска класа. Победниците на „Лавовите“ ќе бидат објавени на вечерните Наградни церемонии што ќе се одржат во текот на фестивалот, од 20 до 24 јуни 2022 година. Дополнителни информации за тоа како да бидете дел од Cannes Lions може да најдете на canneslions.com.