На петтиот по ред престижен фестивал Effie Awards во Србија, во категоријата “Media Innovation”, беше наградена кампањата “Samo probaj – i oseti Joy”, дизајнирана и реализирана за The Coca-Cola Company од креативниот тим на McCann Beograd со партнерите UM Belgrade, Represent Communications, Tuna Fish Studio и Žiška.
„Успехот што Effie го препознава им припаѓа на исто толку на тимовите, колку што им припаѓа на поединците. Го слави партнерството, транспарентноста, трпеливоста и стручноста. Затоа ние во McCann веруваме дека овој фестивал го надминува стандардното разбирање на успехот и ја движи целата индустрија кон нова култура која заедно ја градат клиентите и нивните агенции. Effie е повеќе од награда за нас и претставува лична работа за секој еден во процесот, од самиот почеток на проектот. Успехот на овој фестивал е наша стратешка цел, за чија реализација е потребна соработка и заеднички напори на сите страни. Благодарни сме на клиентот за укажаната доверба и простор да ја изразиме својата креативност, како и на жирито кое ја препозна нашата работа“, изјави Катарина Прибиќевиќ, директорка за стратегија и раст во McCann Белград.
Наградената neXt JOY кампања со својот уникатен формат донесе освежување во секоја смисла. Имено, покрај стандардните канали за комуникација, со користење на социјалните мрежи, оваа кампања на иновативен начин се обраќа до целната група – младите. На официјалниот Инстаграм профил на neXt JOY за прв пат со помош на форматот IGTV беше емитувана играна серија составена од пет епизоди која ги следи различните животни ситуации на пет средношколци чии карактеристики се опишани преку пет нови вкусови на neXt JOY. Дејствието на серијата го следи дејствието на ТВ рекламата, ја надградува, развива и води во неочекуван правец.
„Благодарни сме за оваа прекрасна награда. Пред сé, до целиот тим кој работеше на овој проект, до нашите долгогодишни агенциски партнери McCann, UM, Žiška, Represent Communications, како и жирито кое го препозна квалитетот на креативноста и користењето на иновативни медиумски канали. Имавме тешка задача да се обратиме до најпребирливата целна група – тинејџерите – кои постојано се онлајн, и преку за нив прифатлив формат им кажуваме и ги мотивираме да бидат свои и дека е ОК само да пробаат. Постигнавме одлични резултати, во прилог на што говореи и оваа награда, која сега ни дава ветар во грб да бидеме уште подобри и поиновативни“, изјави Марина Трајковиќ, виш бренд менаџер во The Coca-Cola Company.
Наградата Effie се доделува на локално, регионално и глобално ниво на агенции и огласувачи кои стојат зад успешни маркетинг кампањи кои ги постигнале или надминале поставените цели и со тоа ги решиле предизвиците со кои се соочуваат нивните клиенти, а во Србија се доделува по петти пат во организација на IAA Србија.