Метаверзумот технички сè уште не е тука, а на луѓето ќе им биде тешко да го прифатат неговото раѓање ако не можат да го визуелизираат. Со тоа на ум, Meta објави две нови реклами кои замислуваат како метаверзумот може да се интегрира во секојдневниот живот на луѓето.
Најзначајно е тоа што технолошкиот гигант покажува дека метаверзумот нема да биде само за забава и игри со спотот “The Impact Will be Real” („Влијанието ќе биде вистинско“), кое покажува како дигиталниот свет може да се пренесе во овој реалниот, и тоа за едукативни и медицински цели.
Спотот започнува со сцена во предавална, каде што еден професор на своите студенти им ја објаснува структурата на клетката (која пак наликува на логото на Мeta). Клетката може да се движи наоколу со рацете, со цел им се овозможи на набљудувачите подобро да ја сфатат нејзината градба и внатрешна работа.
Спотот потоа истражува како метаверзумот може да служи за обука на идните хирурзи, објаснувајќи дека студентите по медицина може да вежбаат на тродимензионални делови од телото неограничен број пати пред да ја пренесат својата експертиза во реалниот свет.
И додека временските машини сè уште не постојат, Meta нуди свет во кој студентите би можеле да патуваат во минатото со екскурзии до римскиот Колосеум, да се сретнат со војсководецот Марк Антониј и античките филозофи за кои претходно можеле само да читаат.
Второто видео во кампањата е поблиску до она како метаверзумот вообичаено се замислува. Насловен “Fishing with Dad” („Риболов со тато“), спото прикажува татко и ќерка на виртуелна риболовна експедиција., иако во реалноста тие се оддалечени со километри.