Интерфејсот создаден од Publicis Conseil беше претставен во VivaTech за да им помогне на вработените и клиентите подобро да го разберат Web3
Publicis Groupe објави нов интерфејс со цел дополнително да им помогне на своите клиенти да ги разберат, развиваат и управуваат со Web3 стратегиите. Интерфејсот ќе има форма на аватар по име Леон и ќе биде во улога на главен Директор за Metaverse, со цел да:
- Ги придружува клиентите, да им помогне и советува како да се движат во мета џунглата, со уникатни стратегии приспособени за нивниот бизнис
- Дејствува како водич за вработените со експертска поддршка од тимовите во Групацијата
- Да ги прикаже најдобрите примери на Web3 од клиентите и од целата Групација,
Создаден од Publicis Conseil, Леон ја има поминато целата своја кариера во агенцијата. Бидејќи е роден во Web3, тој има силна основа во комуникациските дисциплини и е експерт за Metaverse.
Назначувањето на Leon се надоврзува на обемниот сет на постоечки способности, вештини и таленти кои во моментов делуваат во рамките на Publicis Groupe, со фокус на длабока експертиза на Web3 во двата случаи на употреба на блокчејн – вклучително и NFT, паметни договори и децентрализирани апликации – како и метаверзи технологии како VR/AR и вештачка интелигенција. Тргнувајќи од својот пристап „Моќта на еден“ („The Power of One“) и соработката меѓу агенциите, Publicis ја разви и поттикна работата на Web3 во текот на целата измината година.
„Метаверзумот не е дестинација, туку момент за учење во реално време за сите. Потребна е љубопитност, образование и експериментирање. Посветени сме на тоа патување со нашите клиенти, да им помогнеме да разберат што значи тоа за нивниот бизнис и да им ги пренесеме постоечките Web3 способности на Групацијата преку податоци, медиуми и технологија. Леон го отелотворува тоа како аватар и ќе им помогне на нашите клиенти да се движат низ овој нов канал и да напредуваат на секој чекор“ – изјави Артур Садун, претседател и извршен директор на Publicis Groupe.
„Метаверзумот е бескрајна, непозната територија за истражување со креативност. За вистински да иновираме, треба да експериментираме и да учиме во движење. Мисијата на Леон е да нè мотивира сите нас да бидеме храбри и прогресивни; бидејќи колку порано почнеме, толку подалеку можеме да одиме“ – смета Марко Вентурели, главен креативен директор на Publicis France, креатор на Leon.
„Сакаме да ги поддржиме нашите клиенти, да иновираме заедно со нив и да ги прикажеме најдобрите достигнувања. Во однос на метаверзумот, нашите клиенти имаат прашања за креативноста, производството, правата, обврските… Ни требаше експерт кој ќе ги одговори овие прашања. Тоа ќе биде улогата на Леон“ – Агата Буске, претседател на Publicis Groupe во Франција.
За да дознаете повеќе за Леон, погледнете го видеото во продолжение и поврзете се со него на Linkedin.