Српскиот портал Marketing mreza и агенцијата MASMI стартуваа истражување кое ќе ги утврдува клучните состојби од областите на маркетингот и комуникациите, како и трендовите за 2015 година.
Прашалникот кој можете да го пополните на следниов ЛИНК е наменет за професионалците од областите на комуникации и маркетинг од земјите во регионот (Србија, Македонија, Црна Гора, Хрватска и Словенија). Цел на ова истражување е да се согледа состојбата на професијата во регионот, како и трендовите и предизвиците кои не очекуваат во 2015 година.
Истражувањето е во потполност анонимно, а сите добиени податоци ќе бидат прокажани како групни и ексклузивно претставени на форумот за комуникациски лидери – “IZAZOV 2015“ кој ќе биде оддржан на 25 и 26 фебруари во Белград.
Ги повикуваме нашите читатели од компании и агенции да земат учество во ова истражување (анкетата се пополнува за помалце од 5 минути).