На петтиот и последен ден од 69. издание на Меѓународниот фестивал на креативноста Cannes Lions беа доделени наградите во категориите: “Film Lions”, “Glass: The Lion for Change”, “Sustainable Development Goals Lions” и “Titanium Lions”. На завршната церемонија беа доделени и повеќе специјални награди, меѓу кои и „Агенција на годината“.
Во категоријата “Films Lions” се пријавиле 2,028 кампањи, а 61 од нив биле наградени со: 8 златни, 20 сребрени и 31 бронзени награди. Жирито избра да додели две Grand Prix награди во оваа категорија, и тоа за кампањата “Super. Human” од 4creative London за Channel 4, како и за “Escape from the Office” од Sunnyvale/Smuggler за Apple.
Во категоријата “Sustainable Development Goals Lions” биле пријавени вкупно 618 кампањи. Притоа, жирито додели 19 награди: 3 златни, 5 сребрени и 10 бронзени, додека пак Grand Prix наградата беше доделена на “The Missing Chapter” од Leo Burnett Mumbai за P&G Whisper.
За наградите во категоријата “Glass: The Lion for Change” се натпреварувале 141 кампањи, а биле доделени 8 награди: 3 златни, 1 сребрена и 3 бронзени награди. Притоа, Grand Prix наградата беше доделена на кампањата “Data Tienda” од DDB México за We Capital. Ова воедно веше втора Grand Prix награда за оваа кампања на годинашното издание на фестивалот, по освојувањето на Grand Prix во категоријата “Creative Data Lions”.
Во последната натпреварувачка категорија, “Titanium Lions”, се пријавиле вкупно 198 кампањи, а жирито се одлучи да додели 5 „титаниумски лавови“ и Grand Prix награда за кампањата “Long Live The Prince” од Engine London за Kiyan Prince Foundation/Ea Sports/QPR/Match Attax.
Специјалната “Grand Prix за Добро” награда беше доделена на кампањата “Save Ralph” од Vespa Pictures за клиентот Humane Society International.
Титулата „Креативна компанија на годината“ (претхосно „Холдинг компанија на годината“) беше доделена на WPP, додека пак Omnicom и Interpublic Group се најдоа на второ и трето место.
За агенциска „Мрежа на годината“ беше прогласена Ogilvy. На второ место се најде FCB, а на трето – DDB Worldwide.
За „Независна мрежа на годината“ беше прогласена Serviceplan Group, по која на второто и третото место следуваа GUT и Rethink.
Титулата „Независна агенција на годината“ ја доби агенцијата We Believers од САД. На второ место се најде Serviceplan од Германија, а на трето – 4creative од Обединетото Кралство.
Наградата “Златна палма” за продукција, по редослед, ја добија агенциите Smuggler од САД, Iconoclast од Германија, Somesuch од Обединетото Кралство, Virtue Worldwide од САД и Zauberberg Productions GmbH од Германија.
За „Креативен бренд на годината“ беше прогласен Burger King, додека пак Vice и Apple се најдоа на второ и трето место, соодветно.
За „Регионална мрежа на годината“ во регионот Азија-Пацифик беше прогласена Dentsu, по која на второ и трето место следуваа Ogilvy и Leo Burnett.
За „Регионална мрежа на годината“ во регионот на Европа, Блискиот Исток и Азија беше прогласена Publicis Worldwide, по која следува Ogilvy и BBDO Worldwide.
За „Регионална мрежа на годината“ во регионот на Латинска Америка беше прогласена агенциската мрежа Ogilvy, а на второ и трето место се најдоа DDB Worldwide и VMLY&R.
За „Регионална мрежа на годината“ во регионот на Северна Америка беше прогласена FCB, додека пак Leo Burnett и VMLY&R се најдоа на второ и трето место.
По една титула „Агенција на годината“ беше доделена во секоја од различните генерални категории на фестивалот. Па така, за „Агенција на годината – Classic“ беше прогласена DAVID Madrid од Шпанија.
За агенција на годината во “Craft” беше прогласена Serviceplan од Минхен, Германија. За агенција на годината во “Engagement” беше прогласена Africa DDB од Сао Паоло, Бразил.
За агенција на годината во “Entertainment” беше прогласена VMLY&R од Сао Паоло, Бразил. За агенцијата на годината во “Experience” беше прогласена Dentsu Creative Bangalore од Индија.
За агенција на годината во “Good” беше прогласена DDB México од Мексико, а за агенција на годината во “Strategy” беше прогласена FCB Canada од Торонто, Канада.
Слична беше практиката и во однос на независните агенции. Така, за „Независна агенција на годината – Classic“ беше прогласена We Believers од САД.
За независна агенција на годината во “Craft” беше прогласена Serviceplan од Минхен, Германија. За независна агенција на годината во “Engagement” беше прогласена Jung von Matt DONAU од Виена, Австрија.
За независна агенција на годината во “Entertainment” беше прогласена Merimar од Лос Анџелес, САД. За независна агенција на годината во “Experience” беше прогласена We Believers од САД.
Титулата „Независна агенција на годината во Good“ ја понесоа две агенции: Edelman и We Believers, двете од САД. За независна агенција на годината во “Strategy” беше прогласена Rethink од Торонто, Канада.
Во категоријата за млади креативци “Young Lions Film”, златната награда беше доделена на Аксел Бингел, креативен директор во BCW Stockholm, и Џоел Хордегард, директор за фотографија, фриленсер.
За време на наградната церемонија беше доделена и специјалната награда за „Креативен маркетер на годината“, која ја понесе компанијата AB InBev.
Наградата “Лавот на Св. Марко” беше доделена на Колин ДеКорси, претседателка и извршна креативна директорка во Wieden + Kennedy.
На крајот од фестивалот, извршниот директор на LIONS, Сајмон Кук, коментираше: „Cannes Lions е глобална платформа и ова беше неверојатна недела, како што глобалната креативна заедница повторно се обедини во Кан. Нашата заедница се собра од целиот свет и од секој агол на индустријата, за да поттикне напредок преку креативноста, за бизнисот, планетата и општеството во целина. Би сакал да им честитам на сите што се пријавија, што влегоа во потесниот круг и кои освоија „Лав“ за да постават репер за креативна извонредност на глобалната сцена“.