Асоцијацијата на национални огласувачи од САД (ANA), истражувачката компанија за огласувачка и медиска ефективност WARC и организацијата на креативниот фестивал LIONS, најавија уникатно долгорочно партнерство за истражување со цел да се создаде глобална рамка која ги води и поддржува брендовите во „Откривањето на кодот за креативна ефективност“.
Првичната цел на овој проект е да се осврне на културата на ефективност во самите организации и компании, како и на елементите на ефективност на кампањите. Другите основи на ефективноста, усогласени со принципите на ANA, ќе бидат вградени во креирањето на насоките и основата за практиката.
Користејќи ги сознанијата од ANA, WARC и LIONS и следејќи ја работата на наградуваните маркетери во текот на следните дванаесет месеци, ова партнерство ќе работи заедно за да создаде рамка што ќе може да ја следат маркетерите и брендовите за да воспостават култура на ефективност и креативна извонредност што води до долгорочен успех за нивните бизниси. Партнерството се надева дека ќе го ползува споделувањето на знаење меѓу колегите, студии на случај, настани и форуми за да ги истражува и мери внатрешните убедувања, организациски структури и креативни рамки кои постојано произведуваат највисоко ниво на креативна работа и ефективна култура.
Како дел од партнерството, ANA и WARC ќе спроведат обемна светска квалитативна студија меѓу генералните маркетинг директори, со цел да ги идентификуваат елементите на културата на ефективност и да ја поттикнат индустријата да се движи кон поефективен маркетинг. Студијата ќе се надоврзе на постојната „Скала за креативна ефективност“, развиена од WARC и LIONS – рамка за да се разбере како да се користи креативноста во поттикнувањето на специфични маркетинг резултати.
За да се започне проектот, беа спроведени интервјуа на сцената на Меѓународниот фестивал за креативност Cannes Lions на сесијата на WARC под наслов „Што е потребно за да се изгради култура на креативна ефективност“, модерирана од Харјот Синг, глобален генерален директор за стратегија во McCann Worldgroup, заедно со Џоан Колета, директорка за глобален бренд маркетинг и глобалната програма за креативна ефективност на McDonald’s, како и Кајсер Бачани, глобален раководител на дигиталниот центар за извонредност и директор за потрошувачко искуство за регионот на Европа во Mondelēz International.
Дополнителни сознанија ќе бидат презентирани на конференцијата “Masters of Marketing” на ANA, која ќе се одржи од 25 до 28 октомври 2022 година.
Проектот ќе продолжи со активности по Cannes Lions преку три-брендиран подкаст-серијал на интервјуа со различни генерални маркетинг директори. Почнувајќи од почетокот на 2023 година, ANA, WARC и LIONS ќе ја лансираат деловната структура за социјализирање, бенчмаркинг и препознавање на делата на креативна ефективност и оптималната култура на ефективност.
За дополнителни информации или за кои било маркетинг директори кои сакаат да се вклучат во програмата, посетете го веб-сајтот www.warc.com/ana.