Долго пред познатите машки пивари како Џон Молсон, Адолф Корс и Фредрик Милер, пивото во Америка било „варено“ од жените во нивните домашни кујни. Но, и покрај тоа, пивската индустрија ретко посветува внимание на жените кои влијаеле врз историјата на пивото.
Американскиот пивски бренд Miller Lite реши да го промени тоа и да им го додели заслуженото внимание на влијателните жени-пиварки. По повод 4 јули, Денот на независноста, најзначајниот датум во американската историја, Miller Lite лансира специјална серија на лименки посветени на Мери Лисл, првата документирана жена-пиварка во САД.
Во 1734 година, Мери ја наследила пивницата на нејзините татко во градот Филаделфија и раководела со нејзината работа сé до 1751 година. Но, како што посочуваат од Miller Lite, постоеле безброј жени кои одиграле неверојатно важна улога во американското пиварство и пред неа. За жал, голем дел од нив биле неправедно заборавени.
Специјалните лименки прикажуваат портрет на Мери Лисл, а го заменуваат и самото лого на Miller Lite со името Mary Lisle – нивните соодветни иницијали секако помагаат во реализацијата на овој дизајн.
Дополнително, брендот го замени својот слоган “A fine pilsner beer” („Фино пилснер пиво“), со реченицата „There’s no beer without women“ („Нема пиво без жени“). На задниот дел од лименките се наоѓа краток текст за тоа како жените биле неправедно запоставени во историјата на американското пиварство.
Приходите од продажбата на специјалните лименки ќе бидат наменети за The Pink Boots Society, непрофитна организација која го поддржува женските и небинарни пивари во државата.