Телекомуникациската компанија Vodafone New Zealand ја лансираше својата нова кампања “The Smart Network” („Паметната мрежа“), инспирирана од теориите за времето на познатиот физичар Стивен Хокинг.
Кампањата е отпочната со цел да го промовира лансирањето на новата подобрена мобилна и интернет мрежа на Vodafone, притоа користејќи ги зборовите на Сивен Хокинг со кои се истакнува темпото на промени и начинот на кој времето тече со различни брзини.
Централниот спот на кампањата ја обработува идејата за релативноста на времето, која стана особено релевантна за време на ковид-пандемијата, а го користи контрастот на брзото и бавното движење на филмот за да ја манифестира оваа идеја.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција DDB Aotearoa и продукциското студио Finch.