Брендот на теренски возила Jeep уште еднаш се здружи со филмските куќи Universal Pictures и Amblin Entertainment за глобална маркетинг кампања за најновото (последно?) продолжение на филмската франшиза Jurassic Park: Jurassic World Dominion.
Кампањата вклучува и едноминутен видео спот кој прикажува сопственик на хибридното возило Jeep Wrangler 4xe како открива новроденче на Карнотаурус во неговиот двор и решава верно да се грижи за него.
Тој го носи малото диносаурусче на оф-роуд авантури и дневни прошетки по градските улици, евентуално наоѓајќи ја неговата мајка за време на едно кампинг-патување… со (не)очекувани резултати. Но, испаѓа дека сето тоа било неговата имагинација, или пак не?
Спотот е создадена со помош на креативната агенција Highdrive од Чикаго и продукциското студио Reverie Content.