Длабоко под површината на морето во Смеген, Шведска, се наоѓа бар отворен од Carlsberg. За прв пат, производителот на пиво се откажува од копното за да им служи на клиентите, но со една важна порака!
Барот именуван како „Don’t Drink and Boat“ („Немојте да пиете и бродарите“), како што сугерира и самото име, е осмислен да ги обесхрабри луѓето да конзумираат алкохол додека пловат со своите чамци и бродови.
Подводниот бар се наоѓа во близина на главното пристаниште во Смеген и ги поканува посетителите да се напијат безалкохолно пиво под надзор на локален водич за нуркање, во текот на целиот месец јули.
Просторот кој го зафаќа подовниот бар изнесува околу четири метри во ширина и три метри во висина. Има светло-црвен неонски знак со неговото име над шанкот и столчиња закотвени на морското дно. Менито, бар-фрижидерот и чеповите за точење пиво би го натерале секој да помисли дека тоа е обичен бар, освен редовните посетители – локалната морска фауна. :)
Пловните несреќи и случаите на давење поради алкохол се во пораст во Шведска. Carlsberg се повикува на студија од Шведската агенција за транспорт која порастот на случаи на поморски несреќи го припишува на пиењето алкохол. Инсталацијата промовира безалкохолно пиво кое, исто така, според Carlsberg, напредува на пазарот со преку 20 милиони литри што просечно се трошат во Шведска секоја година, главно поради здравствените грижи во однос на консумирањето алкохол.
Менаџерот за комуникации во Carlsberg Sweden, Хенрик Бистром, вели дека како голема пиварница и снабдувач на пиво, компанијата има одговорност кога станува збор за своите клиенти, а така дојде и до концептот на подводниот бар: физичка манифестација на она до што може да доведе пиењето алкохол на морската површина.
Кампањата се реализира со помош на креативната агенција BCW Stockholm.