Швајцарската групација Migros Group, во најновата маркетинг кампања на својот бренд за кафе, „Café Royal“ ги представи новите и различни вкусови на кафе, вклучувајќи повеќе медиуми на сосема креативен начин, а највпечатлива беше најавата на новиот бренд амбасадор на брендот „Café Royal“. Станува збор за познатиот поп пејач Роби Вилијамс кој има улога на „глобален“ таен агент во најновата кампања на „Café Royal“ каде под мотото “acting in the service of good taste“ или во превод „во служба на добриот вкус“ се појавува во рекламите на овој швајцарски бренд.
Специјално за оваа улога, Роби Вилијамс за време на рекламите изведува песна под наслов „Billy“ во стилот на погоре споменатиот „James Bond“ стил, а синглот ексклузивно може да се превземе од официјалната страница на „Café Royal“.
Љубителите на брендот интерактивно може да комуницираат со брендот „„Café Royal“” на официјалната страница на Facebook и да ги користат хаштаговите #SecretAgent и #CafeRoyal за да го споделат своето искуство при вкусувањето на новите производи кои се промовираат со оваа кампања.
„Café Royal“ – “teaser” реклама, најавување на продуктот и неговиот бренд амбасадор (без целосно откривање и потврдување за неговиот идентитет)
Извор: „Café Royal“
„Café Royal“ – Официјална реклама, претставување на идентитетот на бренд амбасадорот
Особено е интересен фактот што брендот „Nespresso“ на познатата групација Nestle „Nespresso“ SA ги изненади љубителите на кафе со интересна маркетинг кампања во многу близок временски период со брендот „Cafe Royal“.Воедно, брендот „Nespresso“, во својата последна кампања освен својот долгогодишен бренд амбасадор Џорџ Клуни со кој од соработува од 2005 год. па навака, го вклучи и познатиот француски актер Жан Дижарден.
Последната кампања именувана како „What else“ или во превод „Што друго“ се фокусира на прашањето „How far would you go for a „Nespresso“?„ или во превод „Колку далеку може да отидете за Nespressо?“ а во самата реклама славните актери се „надмудруваат“ односно на креативен начин ни е претставено до каде би „оделе“ за да ја „поседуваат“ последната капсула кафе за приготват топло „Nespresso“.
Со користење на хаштагот #whatelse на друштвените мрежи, љубителите на „Nespresso“ можат да ги споделат своите искуства при конзумирање на производите на овој интернационален бренд.
„Nespresso“ – “teaser” реклама со Џорџ Клуни
„Nespresso“ – Официјална реклама за кампања „What else“
Извор: „Nespresso“
Во овој случај и двата брендови „„Nespresso““ и „Café Royal“ во текот на месец ноември беа актуелни со своите „teaser” и официјални рекламни видеа кои можеа да се погледнат на нивните официјални профили на платформата Youtube. Дел од стратегиите на брендовите кога истите сакаат да се позиционираат како луксузни на пазарот, најчесто вклучуваат звучни имиња кои ќе го комуницираат брендот во интернационални рамки.
По медиумите несомнено кружеше прашањето, дали Роби Вилијамс ќе успее во својата „нова улога“ како бренд амбасадор и го постигне успехот на актерот Џорџ Клуни, во претсавување на брендот. Покрај вакви реклами и бренд амбасадори, кој бренд на кафе би го избрале Вие?