Во новото истражување, спроведено од Lyris и Economist Intelligence Unit , уште еднаш се потврди фактот дека иако ние маркетерите уживаме да пишуваме блог постови, да се “занимаваме“ со социјални медиуми и мобилни трендови….стариот добар “email маркетинг“ сеуште rules…или на нашки “е закон“ кога станува збор за канал кој влијае на продажбата !
Email маркетингот е толку добар што на листата на канали кои потрошувачите ги преферираат го ставиле и подобар од личните препораки…(дали можеби тоа нешто зборува за денешните пријателства? Можеби не.)
Друго интересно што можеме да согледаме од истражувањето е моментот кога мнозинството потрошувачи велат дека: “кога поминуваме време online за да купиме нешто највеќе време трошиме на компарација на цената и карактеристиките “ и дека “преферираме производот да го купиме online од самиот произведувач, не преку посредници“, од друга страна пак кога сакаме да прочитаме некаква рецензија за производот: “подобар кредибилитет имаат “надворешни“ сајтови“
За креативците ставот “цени и карактеристики“ можеби изгледа досадно….ама за зафатен човек кој оди да купи нешто online е предефириран пред муабетот за брендот и се друго.
Друго интересно:
– Потрошувачите генерално ги сакаат социјалните медиуми за промоции (62%) , но преферираат изворно да учат за производите од компаниските веб сајтови (51%).
– Дури и младата генерација (20-30 год.) e-mail-от (19%) го ставаат пред социјалните медиуми (5%) како канал со кој посакуваат интеракција со производите
Еве зирнете го инфографикот подолу за нешто плус: