Со цел ревитализација на платформата и зајакнување на конкурентноста во однос на другите растечки социјални мрежи, Фејсбук најави дека наскоро ќе им овозможи на корисниците да креираат и управуваат до пет различни профили кои ќе бидат поврзани со оригиналниот профил.
На овој начин, корисниците ќе можат да ги прилагодат и распоредат своие објави врз основа на различните групи на следбеници кои што ги имаат на различните профили. Односно, ќе можат да имаат еден профил за работа, друг за пријатели и семејство, трет за некој специфичен интерес итн. Притоа, корисниците нема да бидат обврзани да го користат своето вистинско име за дополнителните профили, освен за главниот.
Од Фејсбук појасуваат дека различните профили нема да ги бројат во вкупниот број на поединечни корисници на платформата, додека пак кршењето на правилата од еден профил ќе влијае врз сите профили на кроисникот.
„За да им помогнеме на луѓето да го подобрат своето искуство врз основа на интереси и врски, тестираме нов начин да имаме повеќе профили поврзани со една корисничка сметка на Фејсбук. Секој што користи Фејсбук ќе мора да продолжи да ги следи правилата“ – истакна портпаролот на компанијата, Леонард Лам.