Шпанскиот рапер Аркано е гласот на новата туристичка кампања за шпанскиот град Валенсија од агенцијата Serviceplan Spain, создавајќи поема од зборовите на над 200,000 анонимни рецензенти на интернетот.
“Whoever has lived it knows well” („Оној што го проживеал, добро знае!“) е концептот позади новата кампања на туристичкото биро на регионот Валенсија во Шпанија.
Кампањата “Reviews in verse” („Рецензии во стих“) била создадена со употреба на алатка базирана врз вештачка интелигенција која ги собрала сите постоечки рецензии за Валенсија на интернет. Потоа, алгоритмот направил селекција на оние кои ги содржеле зборовите и изразите кои најчесто биле повторувани, како светлина, сонце, море, Медитеран, традиција итн., сведувајќи над 200,000 рецензии на 3,000.
Во следниот чекор, вештачката интелигенција ѝ отстапила место на емоционалната интелигенција. Раперот Аркано, кој инаку е светски шампион во рап-битки и Гинисов рекордер за импровизација, ја внел својата магијата така што ги претворил избраните 3,000 рецензии во евокативна и уникатна поема.
Откако поемата била завршена, пропратниот видеоспот бил смислен така што соодветно ја илустирира секоја локација, акција и сцена на поемата.
Покрај поемата и видеоспотот, кампањата се состои и од дигитални, принт и outdoor активности.