Сите заинтересирани учесници на креативната конференција Adobe MAX 2022 веќе можат да го пријават своето учество.
Настанот ќе се одржи од 18 до 20 октомври во Лос Анџелес во хибриден формат. Тоа значи дека гости од целиот свет можат да присуствуваат на конференцијата со само еден клик, и тоа целосно бесплатно за сите онлајн посетители.
Настанот Adobe Max ја забележува својата најголема посетеност токму во последните неколку години откатко го прифати виртуелниот формат и ги тргна географските бариери. Оваа година, конференцијата го зема најдоброто од двата светови – физичкиот и дигиталниот.
Конференцијата на едно место ќе собере креативци од широк спектар на дисциплини и индустрии кои сакаат да научат и да споделат знаење. Гостите ќе имаат можност да слушнат еминентни говорници и да добијат ексклузивен увид во новитетите и иновациите кои ги нуди Adobe Creative Cloud.
Исто така ќе се одржат и работилници во кои професионалци од Adobe ќе ги водат гостите преку различни алатки за тродимензионално моделирање, проширена реалност, графички дизајн, UI/UX, илустрирација и дигитално сликање, фотографија и многу повеќе.
Оние кои ќе ја имаат можноста физички да учествуваат на конференцијата во Лос Анџелес, исто така ќе можат да ја посетат забавата MAX Bash, каде што ќе има уметнички инсталации и концерт на Twenty One Pilots. Оние кои ќе ја следат онлајн ќе можат да земат учество во други активности и наградни игри.
Повеќе детали за настанот и пријавувањето може да се најдат на следниот линк.