Британската медиумска компанија Guardian Media Group го соопшти финансиските резултати за изминатите 12 месеци, до 3 април 2022 година. Резултатите покажуваат дека приходите на компанијата пораснале за 13%, односно 30.3 милиони фунти, достигнувајќи вкупен износ од 255.8 милиони фунти, што е највисокото ниво од 2007/8 година наваму.
Меѓутоа, она што го првлече најголемото внимание од аналитичарите е растот на приходите од дигиталните читатели за 10% во однос на 2021 година, достигнувајќи вкупен износ од 76.1 милион фунти. Со тоа, приходите од дигиталните читатели на Guardian ги надминаа оние од претплатниците на печатеното издание кое на компанијата ѝ донело 71.5 милиони фунти оваа година.
Земајќи ги во предвид и приходите од огласување, вкупните дигиталните приходи на Guardian сега сочинуваат две третини од вкупните приходи на компанијата.
The Guardian забележува и значителен раст во однос на меѓународните приходи, кои оваа година се зголемиле за повеќе од 15%, достигнувајќи 79.9 милиони фунти. Тоа претставува повеќе од 30% од вкупните приходи и повеќе од 50% од дигиталните приходи на компанијата.
На крајот на март 2022 година, The Guardian имал над 1 милион повторливи дигитални поддржувачи и 112.000 претплати за печатеното издание. Покрај тоа, читателите на Guardian направиле 499.000 еднократни финансиски донации на глобално ниво во текот на годината.