Жителите на американската метропола Њујорк имаа можност одблиску да ја проследат новата герила маркетинг кампања на пивскиот бренд Heineken.
Таргет на кампањата беа работниците во стресните њујоршки канцеларии кои работаат прекувремено до доцна во ноќта. Тимот на Heineken се опреми со проектор и се постави отспротива на деловните центри на њујоршкиот остров Менхетен.
Тие потоа проектираа пораки на зградите во кои сé уште се гледаа по неколку уклучени светла, повикувајќи ги вработените да се ослободат од стегите на прекувремената работа и да отворат едно ладно пиво.
„Работите до доцна? ‘Затворачот’ може да помогне.“ – пишува на една од проектираните реклами која алудира на минатомесечната промоција од Heineken на отворач за пиво со вграден уред кој автоматски ги исклучува паметните телефони во близина.
Како следен чекор, брендот планира овие пораки кои беа проектирани врз њујоршкиот деловни згради да ги објави како принт реклами во весникот The New York Times.