Се наближува Нова Година а со неа и подароците :)
Кога се работи за « gift market » не би можеле да ги избегнеме изненадувањата од Mondelez International. Оваа групација се реши да лансира нов производ специјално создаден за Индискиот пазар и тоа во време на прослава на познатиот фестивал Diwali (the festival of lights ).
Новата бренд стратегија на Mondelez International е доста специфична со специфична бренд архитектура.
Имено главниот двигател на перцепциите ( Brand Equity) е самиот бренд Cadbury. The Cadbury brand служи како « parent brand » под чие име се вметнати нови производи Cadbury Dairy Milk и Cadbury Glow.
Затоа брендот Cadbury е umbrella brand. Ова овозможува директен трансфер и подршка на перцепциите од Cadbury на Cadbury Dairy Milk и Cadbury Glow.
Инако Cadbury се смета за iconic brand на Mondelez International. Овој бренд располага со специфични централни бренд вредности како што се « generosity », « playfulness» , « optimism » и « pioneering spirit ».
Со овој umbrella brand Mondelez International ја зацврстува позицијата во « gifting premium segment » на пазарот. Целта не е да се импресионира туку да се привлечат оние кои сакаат да ги изненадат но и збогатат животот на нивните сакани.