Дали би завршиле нешто доколку нема рокови? Нема мотивација како што е крајниот рок, за кој остануваат уште само 7 дена. Крајниот датум за пријавување на фестивалот Golden Drum, 5 август, ќе дојде додека да трепнете. Имајте предвид дека овогодинешниот рок е порано од претходните години и нема да се пролонгира. До следниот петок може да се пријавите за престижни титули како што се Независна агенција на годината, Агенција на годината, Продукциска агенција на годината, Дигитална агенција на годината, Мрежа на годината и Јадранска агенција на годината.
Остануваат уште седум дена за пријавување на меѓународниот креативен фестивал Golden Drum 2022. Конкурсот е отворен до 5 август, а се прифаќаат сите кампањи што биле емитувани, објавени или имплементирани за прв пат помеѓу 1 септември 2021 и 5 август 2022 година.
По долга пауза од реалните искуства, фестивалот е подготвен да ги обнови изгубените врски со силна желба за повторно обединување и повторно разгорување на креативноста. Овогодишното издание на Golden Drum ќе се одржи на 23 септември 2022, во Ровињ, Хрватска, како дел од Weekend Media Festival.
Разни агенции, огласувачи, клиенти, дизајнерски и продукциски куќи, медиумски компании и други креативци од 36 земји ширум светот ќе земат учество со своите креативни дела во четири различни наптреварувачки секции, за кои повеќе може да прочитате тука.
Информации за самите награди и за тоа како може да се пријавите на Golden Drum 2022 може да се најдат на следниот линк.
Котизацијата за учество како делегат на Golden Drum, пак, која овозможува следење на програма полна со најновите трендови и креативни сознанија од голем број професионалци, наградна церемонија и луда забава, е достапна по цена од 190 EUR + ДДВ.