Во текот на изминативе години, врската меѓу модата и други индустрии постојано се развива и резултира во тренд на соработки кои се навидум изненадувачки, но всушност имаат многу смисла. На светски рамки, низ годиниве, LG и Prada соработуваа на дизајнерски паметен телефон, Apple и Hermès на лукзусно издание на Apple часовникот, а Вирџил Абло и IKEA на парчиња мебел и додатоци за домот. Ова се само дел од колаборациите кои не само што ги поместуваат креативните граници, туку ги менуваат правилата на играта во која, порано, различните индустрии немаа допирни точки.
Колаборациите полека земаат замав и на локално ниво, но прва навистина иновативна модна соработка во земјава е неодамнешната спојка меѓу „ХалкЕко“ платформата на Халкбанк и модната дизајнерка Јована Филиповиќ. Спојувањето на Халкбанк со модната дизајнерка Јована Филиповиќ, едни од најголемите имиња во банкарскиот и моден сектор во земјава, е показател за тоа како овие две индустрии можат да ги здружат силите и да созадат иновативна фузија на мода и општествена одговорност.
Преку мини колекција на маички и торби за повеќекратна употреба од 100% еколошки материјали, изработени во локалното студио на Јована Филиповиќ со zero waste производство, оваа колаборација не само што ги спојува модниот и банкарскиот сектор, туку има поголема, еколошка цел. Низ стилски парчиња облека и модни додатоци, колаборацијата вешто привлекува внимание кон вредностите за кои се залага „ХалкЕко“ платформата, а тоа се зголемувањето на свесноста за животната средина, охрабрувањето на физичка активност и зазеленувањето на површините.
Халкбанк е позната по залагањата за еко иницијативи и поддржувањето на проекти кои се фокусирани на општественото добро и во таа насока, соработката со модната дизајнерка Јована Филиповиќ е дел од поголема, добро испланирана и постојано развивана еко цел. Од банката велат дека се одлучиле за ваква соработка бидејќи смеаат дека креативноста и современите трендови се тесно поврзани со еко свесноста и дека заштитата на животната околина преку постојана физичка активност е навика која произлегува од квалитетен животен стил.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Торбите се иновативно смислени за да имаат мултифункционален, унисекс дизајн и практична примена во различни прилики, со што се зголемува желбата за нивно носење, а притоа се намалува користењето пластични ќеси во секојдневието. Дополнително, торбите се стимул за што поголема употреба на „ХалкЕко“ апликацијата која промовира и наградува индивидуален придонес во намалувањето на CO2 емисијата. Финално, преку овие канали и иновативни пристапи, Халкбанк придонесува кон проширувањето на зелените површини во земјата, со што се подобруваат и општеството и квалитетот на животот на граѓаните.