На задоволство на сите вљубеници во англиската Премиер лига и врвниите спортски содржини, македонскиот оператор ТЕЛЕКАБЕЛ денеска објави дека ја збогатува својата спортска понуда и покрај досега достапните Еуроспорт и Спорт Клуб канали – без доплата во својата дигитална платформа ги додава и Арена Спорт каналите.
Во објавата на Фејсбук, од Телекабел посочуваат дека денеска ќе бидат објавени фрекфренциите за новите Арена Спорт 1,2,3,4,5 канали, како и Арена Е-спорт и Арена Премиум 1,2,3.
Оваа објава од компанијата наидува на особени симпатии кај спортската јавност во земјава која во време на тешка финансиска криза нема да биде принудена на дополнителни издатоци за непречено да ја следи најдобрата фудбалска лига во светот и останатите спортски содржини кои ексклузивно се достапни на Арена спорт каналите.