Тениската легенда Роџер Федерер го исполни ветувањето дадено пред пет години со прифаќање на предизвикот поставен од еден од неговите најмлади поддржувачи во име на производителот на тестенини Barilla.
Имено, за време на една прес-конференција на УС Опен во 2017 година, Федерер му ветил на младиот Зизу дека ќе одиграат тениски меч штом тој ќе порасне. Сега тенискиот ас го исполни ветувањето со тоа што застана на спротивната страна од мрежата за задоцнета партија тенис со Зизу, организирана од агенцијата Boomerang Publicis во име на спонзорот Barilla.
Ветувањето беше исполнето во најголема тајност, при што агенцијата направи сè за да го донесе збунетиот Зизу во Швајцарија, каде што не знаеше кој ќе биде неговиот противник сè до последниот момент.
Дио Сантос, креативен директор во Boomerang Publicis, рече: „Реакцијата на Зизу кога го виде Федерер беше толку емотивна и тој даде многу повеќе отколку што очекувавме. Тој на кампањата му даде живост и карактер какви што заслужуваше“.
Генералниот маркетинг директор на Barilla, пак, Џанлука Ди Тондо, додаде: „Во Barilla, ние го сакаме човечкиот аспект и вредностите на спортот, и секогаш се трудиме да ги вклучиме во нашиот начин на водење бизнис и развој на производи“.
Отворајќи го патот за одигрувањето на УС Опен за неколку недели, возбудливата кампања на YouTube и социјалните медиуми покажува дека возраста не треба да биде бариера во спортот.
Федерер претходно имаше главна улога во глобална кампања на Barilla за да покаже дека кујната е животот и душата на секоја домашна забава.