Јапонскиот автомобилски бренд Nissan објави нов рекламен спот за американскиот пазар во кој ја раскажува 60-годишната историја на своите теренски автомобили и камионети во само 30 секунди.
Во спотот гледаме харизматична русокоса која вози теренско возило на Nissan, кое пак постојано се трансформира со одминувањето на секундите и сцените, односно годините од историјата на брендот.
На крајот од спотот, жената заклучува: “Но, ние не го направиме тоа само за да стигнеме до тука. Ние го направивме тоа за да ви дадеме камионет кој ќе Ве одведе било каде”.