И најновиот извештај на eMarketer го потврдува тоа што веќе е очигледен тренд, луѓето се повеќе и повеќе преферираат да се информираат и да следат дигитални медиуми на сметка на традиционалните како ТВ, принт и радио.
Извештајот објаснува дека традиционалните ТВ ќе ги загубат сите свои придобивки од пандемиските години, а другите традиционални формати “ќе паднат” и дополнително. На нивна сметка бенефит ќе имаат дигиталните медиуми кои ќе ги “завземат” минутите севкупно предвидени за следење на медиуми.
Според eMarketer, во 2023 години од целокупниот удел на поминато време во следење на медиуми, на дигиталните ќе отпаѓа неверојатен процент од речиси 64%, скоро дупло повеќе од времето кое публиката ќе го поминува со традиционалните медиуми.
Бидејќи овој тренд во конзумацијата на медиуми неколку години наназад е присутен и во Македонија, се поттикнува прашањето зошто вниманието на публиката “не е следено” и со буџетите кои се предвидуваат за огласување во дигиталните медиуми и дали така не се повредуваат брендовите на голем број од компаниите чии медиски буџети понекогаш неодговорно се пренасочуваат во нелогично поголема мера кон традиционалните медиуми.