На 25 и 26 февруари 2015 година, во новиот ексклузивен хотел Radisson Blu Old Mill во Белград ќе се оддржи првиот регионален форум на комуникациски лидери – IZAZOV 2015, организиран од страна на српскиот портал за маркетинг – Marketing Mreza кој со овој настан ќе го одбележи и својот трет роденден.
Станува збор за интерактивен B2B настан, прв од овој тип во регионот, наменет исклучиво за професионалците од областите на маркетингот, односите со јавност и дигитални комуникации од компаниите и агенциите од Балканскиот регион.
“IZAZOV 2015 е наменет за оние кои веруваат во тоа што го работат, кои имаат што да покажат и што да кажат, а исто така сакаат и да дадат свој придонес пазарот на маркетинг комуникации во регионот да биде попријатно и попогодно место за работа, а се со цел развој на здрава конкуренција“, вели Ивана Парчетиќ, основач и уредник на порталот Marketing Mreza.
Идејата на овој форум е преку интерактивна содржина и размена на искуства да допринесе во развојот на маркетинг и ПР индстријата, но и да поттикне регионална соработка помеѓу агенциите и огласувачите. Учесниците на форумот ќе имаат прилика да прифатат ПРЕДИЗВИК, отворат дијалог за клучните теми од професијата, но и преку интерактивни работилници подобро да ги запознаат своите бизнис партнери.
Ако Ве интересира каква е состојбата на Вашата професија на пазарите во регионот, како и што работат агенциите, што клиентите очекуваат од агенциите, кои се луѓето со кои “утре“ ќе соработувате, како тие размислуваат, колку ги пратат трендовите, треба да го прифатите IZAZOV 2015 и да учествувате на првиот форум на комуникациски лидери во регионот.
Цената за котизација изнесува 125 евра. За три и повеќе котизации одобрен е и попуст од 10%. Членовите на стручните здруженија од регионот, исто така, добиваат попуст од 10%.
Маркетинг365 е медиумски партнер на настанот. За повеќе информации околу учеството можете да не контактирате на contact@marketing365.mk или да и пишете директно на организаторката на ivana@marketingmreza.rs.