Мултинационалната американска корпорација за прехранбени производи Mondalez ја заврши ревизијата на својот глобален медиски договор вреден околу 1.6 милијарди долари.
Најголем победник на ревизијата е агенциската групација Publicis Groupe, која значително го зголеми својот удел во раководењето со медиските активности на Mondalez од 30% на 70% на светско ниво, додавајќи вредност од 450 милиони долари.
Publicis ќе биде задолжена за медиските активности на Mondalez на пазарите во Латинска Америка, Европа, Блискиот Исток, Северна Африка, Јужна Африка и Кина. Publicis исто така ќе управува со традиционалните видео инвестиции, содржини и мултикултурен маркетинг во САД и Канада.
Агенцијата VaynerMedia останува задолжена за комуникациското планирање и дигитален закуп во САД и Канада.
Групацијата WPP беше назначена за главна медиска агенција на пазарите во Југоисточна Азија, Индија, Австралија, Нов Зеланд и Јапонија.
Mondelez важи за еден од најголемите огласувачи во светот, под чија капа се наоѓаат брендови како Cadbury, Oreo, Toblerone, Milka, Daim, BelVita, Ritz, Philadelphia и многу други.