Медиската агенција Carat, дел од мрежата на Dentsu, ќе продолжи да соработува со Vodafone и ексклузивно да го опслужува телекомуникацискиот гигант на 15 светски пазари.
Одлуката доаѓа како резултат на медиската ревизија која Vodafone ја започна порано годинава, а како дел од која компанијата побарала понуда од поголем број медиски агенции.
Изборот на Carat претставува проширување на нивната досегашна соработка, која првично започнала во 2019 година. Новиот договор ќе започне да важи од јануари 2023 година.
Од агенцијата посочуваат дека ќе продолжат да градат „силни медиски врски“ за Vodafone и да истражуваат нови и иновативни медиски можност преку брендирани содржини и технолошки решенија од следната генерација.