Британската мултинационална компанија за банкарски и финансиски услуги Standard Chartered ја назначи Publicis Groupe за своја нова глобална креативна агенција, која ќе биде задолжена за сите креативни, дигитални и продукциски активности на клиентот.
Ревизијата на креативниот договор на Standard Chartered започна порано годинава, а ја водеше консултантската компанија R3.
„По ригорозен процес, донесовме одлука да го доделиме мандатот на Publicis Groupe. Уверени сме дека тие ќе бидат вистинскиот партнер кој ќе го подигне нашиот наратив на следното ниво, преку поместување на нашите креативни и дигитални граници“ – рече Клер Диксон, директорка за корпоративни работи, брендирање и маркетинг во Standard Chartered Bank.
Најголемиот товар на работа за опслужување на Standard Chartered ќе го понесе канцеларијата на Publicis Groupe во Сингапур.