Со цел одбележување на лансирањето на новата телевизиска серија “House of the Dragon”, која претставува претпродолжение на “Game of Thrones”, медиската куќа HBO го постави можеби најепскиот тродимензионален билборд досега.
Погледнете како огромен и страшен змеј блуе оган над минувачите на плоштадот Тајмс Сквер во Њујорк.
Како најзаслужни за имплементацијата на уникатниот билборд се посочуваат креативниот директор Мајкл Хагос и маркетинг креативецот Захари Крејм.
Серијата “House of the Dragon” ја имаше својата премиера на 21 август.