На големо изненадување на индустријата, брендот за спортска опрема Adidas потврди дека нивниот генерален извршен директор Каспер Рорстед ќе ја напушти компанијата следната година.
Спорет соопштението за јавност, германскиот бренд вели дека „заемно се договориле“ со Рорстед да го напушти раководното место во компанијата почнувајќи од 2023 година, иако тој ќе остане привремено на позицијата додека не се идентификува следниот лидер на компанијата.
Се чини дека ненадејниот потег следи по три „предизвикувачки“ години за брендот, како резултат на последиците од пандемијата и гео-политичките тензии кои предизвикаа забавување во продажбите на компанијата. Бордот на директори очигледно смета дека е „вистинското време“ да се случи транзицијата и „да го отвори патот за рестартирање“.
И покрај скорешните падови на компанијата, Рорстед секако дека имаше важен удел во зајакнувањето на глобалното присуство на Adidas откако тој ја презеде улогата на генерален извршен директор во 2016 година, брзо напредувајќи ја дигиталната трансформација на компанијата и зголемувајќи ја нејзината онлајн продажба за над пет пати.
Дополнително, тој е заслужен за зајакнување на одржливоста, инклузивноста и разноликоста на компанијата, во која процентот на жени кои се унапредуваат на лидерски позиции значително се зголеми за време на неговиот мандат.
„Адидас е иконичен спортски бренд. Како компанија, постигнавме голем напредок во стратешките области на нашиот бизнис. Горд сум на нашите достигнувања како тим. Изминатите години беа обележани со неколку надворешни фактори кои значително го нарушија нашиот бизнис. Потребни беа огромни напори за да се совладаат овие предизвици. Ова е причината зошто овозможувањето на рестарт во 2023 година е правилната одлука – и за компанијата и за мене“, заклучува Рорстед.