Брендот за обложување Paddy Power лансираше нова кампања по повод стартот на новата сезона во англиската фудбалска Премиер Лига, посветена на интимната љубов на фудбалските фанови спрема убавата игра.
Во централниот спот на кампањата го гледаме поранешниот англиски репрезентативец Питер Крауч како си фантазира апсурдни моменти на фудбалскиот терен во кои тој изразува интимна љубов спрема фудбалот. Во рекламата се појавува и поранешниот фудбалски судија Марк Клатенбург, кој ги предизвикува некои од најстраствените моменти.
Во суштина, преку оваа хумористична кампања, брендот Paddy Power ги слави малите фудбалски моменти кои предизвикуваат големи емоции кај фудбалските фанови, доведувајќи до страствени реакции.
Кампањата се спроведува во Обединетото Кралство со помош на креативната агенција Droga5 London.