Популарната холивудска ѕвезда и бренд амбасадорка на Giorgio Armani, Кејт Бланшет, повторно се најде во центарот на новата реклама на луксузниот моден бренд.
Овој пат, производот кој се рекламира е течниот кармин Lip Maestro, кој според видеоспотот е „финалниот додаток за црвениот тепих“, доведувајќи ја елеганцијата и гламурот до максимум.
Спотот претставува комбинација од сцени во кои познатата глумица со својот тим се подготвува за да се претстави на црвениот тепих, при што испробува три различни нијанси на карминот Lip Maestro за да го долови посакуваниот гламурозен изглед.
Рекламата, која беше лансирана на пазарот во САД, е режирана од страна на канадско-британскиот режисер Гордон вој Стејнер, кој веќе има изградено висока репутација во модниот бизнис.