Брендот за спортска опрема Nike соработуваше со креативната консултантска компанија Soursop и продукциското студио KODE за остварување на нивната нова кампања пред почетокот на училишната година, насловена „Never Done Playing“ („Никогаш не завршуваме со играње“).
Кампањата е составена од серија кратки филмови и фотографии фокусирани на идејата за „пронаоѓање на магија во секојдневието“ – преку спортот. Кампањата ги отфрла традиционалните „клишеа“ за враќање на училиште, како што се децата во униформа, претпочитајќи наместо тоа да ја слави радоста на летото преку прикажување на семејствата кои ги трансформираат секојдневните, досадни, задолженија во игра и покажувајќи како секоја вообичаена задача може да се претвори во форма на спорт.
Во кампањата се појавува и холандската фудбалска ѕвезда Вирџил ван Дијк со своите две ќерки кои за прв пат се појавуваат во една реклама. Спотот прикажува како семејството градинарува едно обично неделно претпладне, при што вообичаените градинарски се претвораат во епски фудбалски натпревар.
Кампањата е разиграна и полна со енергија со цел да ги инспирира родителите од милениумската генерација со забавни моменти произлезени од секојдневниот семеен живот.