Брендот за брза храна Subway Sandwiches постави иновативен џиновски 3D билборд на трговскиот центар Westfield Stratford City во Лондон, Обединетото Кралство, со цел да ја зголеми реалната интеракција со фановите.
Преку интерактивниот дисплеј создаден од креативната агенција Above+Beyond, фановите на брендот биле поканети да го дизајнираат сендвичот од своите соништа користејќи го само својот мобилен телефон, а финалниот продукт бил прикажуван на џиновскиот екран во светли, живи бои.
За нештата да бидат уште поинтерактивни, учесниците подоцна биле изненадени од претставници на брендот кои им доделиле реални верзии на истите сендвичи што фановите го смислиле порано.
Кампањата е дел од планот на Subway да ја зајакне препознатливоста на својот бренд во Обединетото Кралство, а во исто време да ја прикаже разновидноста на своето мени дозволувајќи им на клиентите да ги комбинираат состојките за создавање на совршениот сендвич по нивни вкус.