Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска им додели признание во форма на плакета на најдобрите трговски објекти во седум категории, избрани на манифестација „Месец на трговијата“, проект што Градот во соработка со Агенцијата SWAT Research го реализираше во месец ноември 2014 година, пренесува Макфакс.
Истражувањето се спроведува по пат на т.н. mystery shopping, а тајните купувачи по направената евалуација изготвија извештаи кои се изработени по одредените критериуми, како што се: изгледот и пристапот до објектот, снабденост со стока, аранжирање на просторот, услуга на персоналот, помош при изборот на производот, хигиена пред и во објектот, начинот на плаќање, начинот на истакнување на цените на производите, состојба на опремата и на униформите.
Во рамки на проектот се спроведуваат вкупно 1.000 посети на тајните купувачи и тоа по три посети на еден објект, во сите седум категории трговски објекти, а годинешни добитници по категории се:
СУПЕРМАРКЕТИ
- ТИНЕКС
- НОВА МАРКЕТ
- РАМСТОР
САЛОНИ ЗА МЕБЕЛ И КАНЦЕЛАРИСКА ОПРЕМА
- ШИПАД МЕБЕЛ
- ЛЕКТУС ГРУП
- НИКОВ МЕБЕЛ
ПАРФИМЕРИИ И КОЗМЕТИКА
- БЈУТИ ПОИНТ
- ЕЛИКСИР ЕКСЛУЗИВ
- ЛОКАТИН
БУТИЦИ
- СПРИНГФИЛД
- ВЕНИС
- АТИЛА
АПАРАТИ ЗА ДОМАЌИНСТВО, БЕЛА ТЕХНИКА И СЕ ЗА ДОМА
- НЕПТУН
- АГРОТЕХНА
- ЕЛИПСО
КОМПЈУТЕРСКА, АУДИО-ВИДЕО И ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКА ОПРЕМА
- СОНИ ГАЛЕРИЈА
- НИКО КОМПЈУТЕРИ
- АНХОЧ ПИ СИ МАРКЕТ
МОДНИ ДОДАТОЦИ И НАКИТ
- СИГМА
- ОКСЕТ
- БОЖИНОВСКИ
Резултатите од истражувањето секоја година јавно се презентираат пред добитниците и трговците во форма на заклучоци, но и како препораки за во иднина, а врз основа на добиените резултатите од истражувањето, се избераат три најдобри трговски објекти од секоја категорија. Годинава најдобри резултати постигнале парфимериите и продавниците за козметички производи, па веднаш по нив објектите за продажба на мебел, а на последно место според сумирањето на резултатите се наоѓаат супермаркетите.