Незаменливите токени (NFT) навидум го преплавија секој агол на интернетот, а во таа насока оди и новото ажурурање на Фејсбук.
Социјалната платформа ќе им овозможи на корисниците да поврзат дигитален паричник со нивниот профил на Фејсбук, каде потоа ќе можат да изберат кој незаменлив токен сакаат да го објават.
Матичната компанија Мета претходно воведе слична опција и на сестринската социјална мрежа Инстаграм, каде функционира истата постапка за поставување токени.
Токените што се објавени на Facebook ќе имаат светкав ефект, како и детали за уметникот и други информации што објавувачот сака да ги прикаже, речиси делувајќи како еден вид мини галерија на вашиот профил.
Мета ќе поддржува дигитални токени од блокчејновите Euretheum, Polygon и Flow.
И покрај падот на пазарот на незаменливи токени во последниве месеци, од Мета сè уште изгледаат заинтересирано за оваа технологија. Во секој случај, дигиталните уметници несомнено ќе добијат поширока изложеност пред јавноста благодарение на големата публика на Фејсбук.