Легендарната 40-годишна тенисерка Серена Вилијамс стави крај на својата богата спортска кариера по испаѓањето од третото коло на овогодишниот УС Опен, нешто што таа го најави уште пред почеток на турнирот.
Со цел да ѝ одаде почит на славната тенисерка и нивен бренд-амбасадор, брендот за спортска опрема Nike лансираше инспиративен едноминутен ретро-спот кој ја следи приказната на Серена: од нејзините скромни почетоци во Комптон, до светските тениски височини како една од најдобрите спортистки на сите времиња!
Паралелно со лансирањето на спотот, Nike објави и соопштение во кое истакнува дека: „Серена Вилијамс редефинираше што значи да се биде вистински шампион. Нејзиното наследство го надминува спортот и инспирираше генерации. Со нетрпение очекуваме да го продолжиме долгогодишното партнерство со неа. Ѝ благодариме за сé што направи и ќе прави во иднина. Еве здравица за никогаш да не го промени тоа што таа е“.