Европската брза железница Eurostar, која ги поврзува Обединетото Кралство, Франција, Белгија и Холандија, лансираше неколку нови реклами спотови во рамки на кампањата „Гледаш повеќе кога не леташ“ (“You see more when you don’t fly”).
Спотовите треба да ги убедат патниците дека возењето со воз наместо летањето е позабавно и нуди повеќе можности за разгледување на знаменитости. Пораката ја пренесува анимираниот ној Сејмор, како птица која не може да лета, кој ги посетува кралските регалии на Британија, шик-бутик за шапки во француски Париз, ресторан за школки во Белгија, но и полниот со цвеќиња и велосипеди Амстердам во Холандија.
Локациите кои ги посетува нојот Сејмон биле определени по претходна анкета со над 2,000 испитаници.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција House 337, а покрај спотовите кои ќе се емитуваат на телевизија и во кино, ќе вклучува и билборди, постери, реклами на социјалните мрежи и преку електронска пошта, како и принт содржини во нивниот сопствен магазин Metropolitan.